Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Тест во чекори (Step Test)

Постапките за тестирање во чекори (Step Test) се вршат со цел да се утврди точниот обем на истекувањето на соодветната делница. Во случај на поголеми мрежи за водоснабдување, Aquasave може да изврши тестирање во чекори со цел утврдување на делот/деловите од мрежата каде што има истекување, наспроти детално испитување на целокупниот систем, на тој начин скусувајќи го времето поминато на терен и поврзаните трошоци со испитувањето. За оваа техника потребно е да се примени серија од неколку куси чекори за изолација на делови од мрежата по пат на постепено затворање на линиските затварачи. При самиот процес на тестирање, се следи вредноста на протокот преку постојниот водомер или времениот мерач на проток како ултразвучен преносен мерач на проток (коишто не го попречуваат нормалното работење на системот) и се евидентира времето на изолација на секој дел од мрежата.

Значително намалување во протокот или „чекорот“ укажува на истекување во делот од мрежата што бил изолиран во тој момент. Оваа техника овозможува веднаш да се видат резултатите од затворањето на вентилите, да се забрза испитувањето на мрежата и да се скуси времето за кое вентилите се оставени затворени.

Тестот во чекори (Step Test) исто така претставува и ефикасен начин на проверка на присуство на истекување кои тешко може да се лоцираат на традиционален начин, како што е во случајот на PVC/PE системи.

 

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ